dneven prestoj

Дневен престој

Со цел да најдеме континуирана и интензивна билингвална образовна форма за изучување на германскиот јазик уште со започнување на образовниот процес, во 2009 година го конципиравме германско јазичниот дневен престој за деца од одделенска настава. Дневниот престој е четиригошен образовен процес (I – IV одделение), кој се спроведува во групи хомогени во однос на возраст.

Целта на германско јазичниот дневен престој е на децата уште од првите училишни години да им се даде неповторлива можност германскиот јазик да го совладаат на ниво блиско до нивото на мајчиниот јазик односно да имаат флуентна и слободна комуникација, природен акцент, да размислуваат на германски јазик и да го препознаваат значењето на јазичните форми. Покрај тоа преку билингвалниот образовен процес се стимулира и поактивен ментален и когнитивен развој на децата.

Концепт на наставата

Наставната програмата е изработена во согласност со наставните содржини кои се изучуваат во основно училиште, при што покрај активната подготовка на учениците по наставните предмети на македонски јазик, содржини од истите се изучуваат и на германски јазик.

Во реализација на активностите се вклучени голем број на дидактички, логички, творечки и подвижни материјали со крајна цел - стекнување на функционално знаење и стимулирање на асоцијативно размислување.

Преку примена на методи на истражување, експериментирање, моделирање, меѓусебно подучување се обидуваме на децата сите наставни содржини да им ги презентираме на колоритен, забавен и креативен начин. Преку примена на најделотвотниот метод ИГРА учењето станува и причинува вистинско задоволство!

Дневни активности

Престојот во Германскиот јазичен центар зависи од училишната смена. За време на престојот во Германскиот јазичен центар на децата им е обезбеден топол оброк.

I смена

  • 08:00 – 08:30 часот – примање на децата (и појадок*)
  • 08:30 – 10:00 часот – домашни задачи и завршување на училишните обврски
  • 10:00 – 11:30 часот – час по германски јазик
  • 11:30 – 12:00 часот – ручек
  • 12:00 – 12:30 часот – подготовка за училиште
  • 12:15 – испраќање до училиште (во зависност од бројот на часови)

II смена

  • 11:40/12:00 – 12:20 – преземање на децата (во зависност од бројот на часови)
  • 12:30 – 13:00 – ручек
  • 13:00 – 14:30 – час по германски јазик
  • 14:30 – 16:00 – домашни задачи и завршување на училишните обврски
  • 16:00 – 16:30 – едукативни игри/ слободни активности
  • 16:30 – 17:00 – земање на децата (во зависност од работното време на родителите)

leten dneven prestoj

Летен дневен престој

Летото е одлична можност за кративно забавно летно дружење. Германскиот јазичен центар за своите најмлади слушатели осмисли едукативно- забавна програма за стимулација на когнитивниот развој преку спроведување на интерактивни работилници со најразлична тематика: природни и општествени појави, математика, театар, музика, кино,танц; Развој на моторички вештини преку разновидни игри на отворено (Градски парк).

Наставата по германски јазик се реализира во два блока во одделни групи за предучилишна и училишна возраст. Постои можност за топол оброк според претходно утврдено мени.

Дневен распоред:

  • 08:00 – 09:00 часот – примање на децата и појадок *
  • 09:00 – 11:00 часот – рекреативни активности на отворено
  • 11:00 – 12:30 часот – интензивен курс по германски јазик
  • 12:30 – 13:30 часот – пауза за ручек *
  • 13:30 – 15:00 часот – интензивен курс по германски јазик
  • 15:00 – 17:00 часот – слободни активности / преземање на децата (во зависност од работното време на родителите).

* Храната и пијалоците се обезбедени од страна на родителите во форма на ланч-пакети.