kursevi za vozrasni

Курсеви за возрасни

Курсевите за возрасни се конципирани според Европската референтна рамка за јазици со која се предвидени 8 степени изведени од 4 нивоа А1-Б2, како и две високи нивоа Ц1 и Ц2. Наставата е интерактивна и ги развива основните 4 јазични компетенции: читање, пишување, слушање и зборување. Наставните материјали се соодветни на јазичните стандарди за секое ниво и обработуваат теми од секојдневниот живот, кои слушателите ги обучуваат за полесно снаоѓање и нормална комуникација во приватниот и професионалниот живот во германско-јазичните земји. Граматичките целини се предаваат по модерна методологија за поедноставно и лесно усвојување на истите и нивно применување. Покрај стандардните наставни материјали во настава се користат и голем број на дополнителни вежби за утврдување и примена на јазичните структури.

Екстензивен курс

Курсот се реализира во два семестри во времетраење од 8 месеци односно 34 работни недели. Семестрално се реализираат вкупно 68 наставни часа од по 45 минути по семестар (17 недели по семестар), кои се реализираат со интензитет двапати неделно по два наставни часа од 45 минути. Во една учебна година се завршува едно ниво, односно во секој семестар по еден степен.

Интензивен курс

Интензивниот курс претставува оптимална можност за совладување на германскиот јазик во краток временски рок и со загарантиран успех.

Со него е предвидено во рок од 9 месеци да се совладаат 3 јазични нивоа согласно Европската референтна рамка за јазици - А1, А2 и Б1. За секое ниво поединечно предвидени се по 108 наставни часа од по 45 минути, кои се реализираат со интензитет три пати неделно по 3 наставни часа (135 минути).

Како премин од Б1 кон Б2 нивото се препорачува Б1+, за што се потребни 80 наставни часа со динамика три пати неделно по 3 наставни часа (135 минути).

За совладување на Б2 ниво предвидени се 16 работни недели, односно 144 наставни часа од по 45 минути, кои ќе се реализираат со интензитет три пати неделно по 3 наставни часа (135 минути). Динамика и термини на реализација во договор со слушателите.

Нашите досегашни успеси говорат за нашиот квалитет.

Суперинтензивен курс

Овој курс претставува одлична можност за совладување на германскиот јазик во најбрз временски рок и со загарантиран успех.

Со него е предвидено во рок од 10 месеци да се совладаат 4 јазични нивоа согласно Европската референтна рамка за јазици. За совладување на нивоата А1, А2 и Б1 предвидени се по 9 работни недели за секое ниво поединечно, односно 108 наставни часа од по 45 минути, кои ќе се реализираат со интензитет три пати неделно по 4 наставни часа (180 минути). За совладување на последното Б2 ниво предвидени се 12 работни недели, односно 144 наставни часа од по 45 минути, кои ќе се реализираат со интензитет три пати неделно по 4 наставни часа (180 минути).

Динамика и термини на реализација во договор со слушателите. Нашите досегашни успеси говорат за нашиот квалитет.

Специјализиран курс

Доколку лично Вие или Вашата компанија имате потреба од јазични компетенеции со специфична тематика, подготвени сме специјално за Вас да изготвиме специјализиран курс со однапред дефинирани јазични цели и рокови за совладување на истите. Контактирајте не!