vikend rabotilnici

Викенд работилници

Доколу сакате Вие и Вашите најмили саботното претпладне да го искористите корисно, забавно и креативно, Германскиот јазичен центар Ве поканува да ги посетите нашите викенд работилници за деца и младинци.

Преку игра, забавно-едукативни програми и едукативни аудио и видео материјали, драмски активности, сликање и моделирање децата и младинците спонтано го применуваат германскиот јазик и ги усовршуваат своите моторни, јазични, когнитивни и социјални вештини, како и својата креативност и фантазија.

Викенд работилниците се одржуваат секоја во сабота во термин од 10 до 12 часот.