prevodi

Преводи

За комуникација, која ги надминува јазичните бариери!

Во еден свет, кој станува се помал и помал, во кој луѓето повеќе од кога и да е се приближуваат еден кон друг и светот се претворил во едно мало, глобално село претпријатијата имаат потреба од висококвалитетен превод, за да можат да бидат конкурентни со другите претпријатија.

Преводите се прашање на доверба.

Нашите услуги

Ние Ви нудиме широк спектар на јазични услуги – преводи од различни области и толкувачки услуги од страна на високо квалификувани толкувачи на различни седници, конференции или при останати деловни состаноци. Ние се трудиме да направиме сè, за Вашата компанија да заземе подобра позиција во деловниот свет.

Преводи

  • Судски преводи
  • Стручни преводи

Толкување

  • Консекутивно толкување
  • Симултано толкување

Во можност сме да Ви понудиме висококвалитетни преводи од следниве области – литературни преводи, право, политика, дипломатија, Европска Унија, социјални истражувања, економија, трговија, банкарство, сметководство, осигурување, маркетинг, култура, екологија, електротехника, информатичка технологија, автомобилска индустрија, телекомуникации, енергетика, градежништво, медицина, психологија, астрономија, текстилна индустрија, гастрономија, спорт.

Преводите се лекторирани од страна на независни лектори, како би можело да се гарантира квалитетот на изработениот превод.

Наша специјалност се преводи и толкување на следниве јазични комбинации:

  • македонски- германски како и германски - македонски
  • македонски-англиски како и англиски -македонски
  • германски- англиски како и англиски - германски
  • гермаснки- албански како и албански - германски
  • македонски-албански како и албански - македонски

Се секое дополнително специфично барање Ве молиме контактирајте не лично.

Нашето искуство со повеќејазични публикации гарантира дека ќе бидат избегнати сите грешки при форматирање, како на пример во однос на интерпункцијата, специјалните знаци, локализирањето на дијаграми, графикони и вметнување на текстови.

Нашите соработници

Нашите соработници се основната причина за нашиот успех. Наша обврска e од нашите вработени да бараме специфична квалификација, консултирање на експерти во различни научни области, како и користење на различни технички програми за специфична графичка обработка на документите се причината за нашите квалитетни преводи.

Нашиот тим се состои од висококвалификувани преведувачи, кои работат професионално и посветено, и секогаш се трудат да го пронајдат најдоброто решение за Вашата фирма. Континуираното надградување на кадарот преку учество на лингвистички и преведувачки семинари и конвенции го збогатува професионалното искуството на нашиот тим.

Запазување на роковите за испорака

Навременето изготвување на преводот за Вашата компанија претставува наша највисока цел. Кога Ви е потребна ефикасна преведувачка услуга за кратко време, тогаш Вие се наоѓате на вистинското место.

Ние работиме исклучиво во интерес на успехот на Вашата компанија.

Дали имате уште прашања? Нашиот тим со задоволство Ве советува лично.

Ве покануваме да се уверите во нашата професионалност.